Денес 26 декември 2014 година во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализира прием на новопроизведените потпоручници кои се распоредени на должности во потчинетите единици на ЗОК.
Новопроизведените офицери беа примени од страна на командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски, заменикот на командантот на ЗОК бригаден генерал Мухамет Рацај, началникот на штаб бригаден генерал Стојан Димчов, началниците на секции во ЗОК и претставници од првопотчинетите единици на ЗОК каде новопроизведените старешини се распоредени на должност.
По искажаното добредојде и честитки за почетокот во активната воена служба новопроизведените старешини беа запознаени со мисијата, историјата, структурата и активностите кои ги има ЗОК како и активностите кои претстојат во понатамошниот период, а во кои тие активно ќе учествуваат.
На крајот од приемот на потпоручниците им се соопштија наредбите за поставување и должностите кои ќе ги извршуваат во првопотчинетите единици на ЗОК.
После извршениот прием во ЗОК новопроизведените старешини беа примени од страна на командантите на ппе.
Од новопримените старешини се очекува да ги применат знаењета кои ги имаат стекнато во текот на нивното школување, и со надградување на истите за што поуспешно и самопрегорно извршување на поставените задачи.