Денес, во Командата за операции во касарната „Боро Менков“ во Куманово (КО) се реализира прием на 18 новопоставени потпоручници, распоредени на должности во KO.
Новопримените офицери беа примени од страна на командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини.
По искажаното добредојде и честитки за почетокот во активната воена служба потпоручниците беа запознаени со мисијата, историјата, структурата и задачите кои ги има КО, како и активностите кои претстојат во понатамошниот период, а во кои тие активно ќе учествуваат. Од нив се очекува да ги применат знаењата кои ги имаат стекнато во текот на нивното школување и ги надградат истите со цел успешно извршување на поставените задачи.
На крајот од приемот на потпоручниците им беа соопштени наредбите за поставување на должноста која ќе ја извршуваат во КО.
По извршениот прием во КО потпоручниците беа упатени во матичните единици.
ЧС