Четвртата ротација на македонскиот контингент кој учествува во борбената група на НАТО во рамки на активноста за зголемена будност („Еnhanced Vigilance Activity“) во Република Бугарија, со церемонија на примопредавање на државното знаме симболично се изврши пренесување на должностите.
При примопредавањето од страна на Командантот на борбената група, полковник Мариано Роко Скандура, се искажани пофални зборови и упатени честитки на сите припадници на припадниците од третиот контингент за професионалното извршување на задачите, посветеноста, обученоста и постигнатото ниво на интероперабилност со останатите припадници на овој мултинационален состав.