Во касарната „Н. Х. Страшо Пинџур“ во Петровец на ден 20.октомври се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на сквадронот на транспортни хеликоптери (стх) од воздухопловната бригада (вбр).
На свеченоста покрај командантот на вбр полковник Кире Колевски присуствуваа и командантите на потчинетите единици и началниците на секции во вбр.
Командантот на вбр во своето обраќање се заблагодари на потполковник Слободан Иванов за досегашните постигнати резултати, а од новоназначениот командант мајор Игорчо Стоименовски побара максимална посветеност во извршувањето на должноста и постигнување на високи резултати при извршување на поставените задачи.
Во својот говор досегашниот командант на стх истакна дека колективот е обучен и мотивиран за справување со секаков вид на задачи воедно им се заблагодари за залагањето и професионалноста.
Новоназначениот командант се заблагодари за укажаната доверба да командува со единицата во која се наоѓаат врвни професионалци и истакна дека во понатамошниот период очекува поддршка и максимално ангажирање на сите припадници во реализација на мисијата и задачите на единицата.