Денес, 11 декември, со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово се изврши примопредавање на должноста командир на чета за АБХО од составот на Командата за операции. На свеченоста присуствуваше командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, началниците на секциите од КО, командантите на единици во Армијата и поранешни командири.
Должноста командир на чета за АБХО ја прими поручник Марија Михајловска од досегашниот командир, капетан Генц Дилавери.
Со церемонија на примопредавање на военото знаме на единицата се изврши и официјално прием на должноста командир на четата за АБХО.









