Со примопредавање на државното знаме на воената церемонија, која се одржа во Командата за обука советување и асистенција на главниот град (КОСА ГГ) во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан се изврши и официјално смена помеѓу шестата и седмата ротација на штабните старешини распоредени во истата.
Во рамките на свеченоста се обратија најстарите национални претставници на двете ротации во присуство на претставници од турскиот контингент во чиј состав припадниците на АРМ ја извршуваат мисијата.
Досегашниот национален претставник, полковникот Јовановски изрази задоволство од работата на македонскиот контингент кои рамо до рамо со останатите колеги го дадоа својот максимум во извршување на задачите истовремено заблагодарувајќи се за поддршката и тимската работа за времетраењето на оваа мисија.
Полковникот Илов изрази убеденост дека припадниците на седмата ротација ќе продолжат да работат како и своите претходници извршувајќи ги професионално и одговорно поставените задачи.