Во командата на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), во присуство на командантот на 1.мпбр, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, началниците на секциите од штабот на бригадата и командантите на потчинетите единици во 1.мпбр, се изврши примопредавање на должноста заменик на командантот на 1.мпбр.
Од досегашниот заменик на командант на 1.мпбр, полковник Марјан Симоновски, должноста ја прими полковник Бесник Емини, кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на полкот за специјални операции.
Пред потпишувањето на наредбите за примопредавање на должноста, командантот на 1.мпбр му одаде признание на полковникот Симоновски за досегашното успешно извршување на должноста а и на двајцата полковници им посака уште поголем успех на новите должности.
СМ