Со воена свеченост на ден 30.12.2025 година во базата Ново Село во Р. Бугарија се изврши примопредавање на должностите помеѓу шестата и седмата ротација на македонскиот контингент упатен во мисијата FLF (Forward Land Forces) во Р. Бугарија.
На свеченоста присуствуваше командантот на Мултинационалната Борбена Група во Р. Бугарија, полковник Mattia Scirocco.
Со церемонија на примопредавање на македонското знаме се изврши и официјално прием на должноста на седмата ротација упатена во мисијата во Р. Бугарија.








