Припадниците на извидувачкиот вод и водот на воена полиција, од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), во период од 01 до 05.08.2019 година, во центарот за обука на вода „Радожда“ на Охридското езеро, реализираа обука за извршување на борбени задачи на водени површини.
Целта на обуката беше извежбување и оспособување на војниците со нови вештини преку тактиките, техниките и процедурите во организацијата и извршувањето на задачи на и во вода, со совладување на техники на пливање, давање прва помош на давеник, совладување на водени препреки со помош на формациски и прирачни пловни објекти.
Припадниците на извидувачкиот вод и водот на воена полиција практично ја демонстрираа високата заинтересираност, посветеност и психофизичка подготвеност за извршување на борбени задачи на водени површини на целата територија на нашата држава доколку за тоа има потреба.
Обуката во летни услови продолжува и во наредниот период, со персоналот од 1.мпбр.
ГЃ/БН/ПА