На 05.07.2023 година, полковник Димче Велков присуствуваше на Денот за високи гости за вежбата “Enhanced Vigilance Activity 23” која се одржа на воената база Ново Село, Република Бугарија.
Вежбата се реализира во период од 02.07.2023 до 05.07.2023 година.
Вежбата “Enhanced Vigilance Activity 23” е мултинационална вежба предводена од командата на вооружените сили на Република Италија и истата е дизајнирана да изгради подготвеност и интероперабилност помеѓу земјите членки на НАТО.
Армијата на Република Северна Македонија во рамките на вежбата “Enhanced Vigilance Activity 23” учествува со еден вод во Република Бугарија.