Командантот на КО бригаден генерал Мирче Ѓоргоски оствари средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на СР Германија, потполковник Гвидо Алтендорф и досегашното аташе потполковник Ханс-Петер Вамслер.
За време на средбата се разговараше за досегашната воена соработка и за континуираната поддршка од Министерството за одбрана на СР Германија.
Бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски му се заблагодари на досегашното одбранбено аташе, потполковник Ханс-Петер Вамслер за неговиот придонес во развивањето на воената соработка помеѓу Командата за операции и Вооружените сили на СР Германија, а на новоназначеното одбранбено аташе, потполковник Гвидо Алтендорф, кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност, му посака добредојде и изрази уверување за продолжување и интензивирање на заемната соработка.