Командантот на Команда за Операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски денеска во касарната „Боро Менков“ во Куманово оствари протоколарна средба со потполковникот Џонатан Фагинс, лидер на тимот од 4. Бригада за асистенција на безбедносни сили (4.SFAB).
На средбата, која воедно е последна пред нивното заминување од државата, генералот Ѓоргоски изрази благодарност за поддршката и менторирањето на единиците од страна на 4.SFAB, особено за асистенцијата при подготовките на ЛПБГ за претстојното оценување.
Протоколарна средба се реализира и во 1. пешадиска бригада, каде потполковник Фагинс беше примен од страна на командантот на единицата, бригаден генерал Дејан Чиплаковски.