На ден 28.01.2025 година во просториите на Командата на воздухопловниот ВИНГ беше реализиран работен состанок помеѓу претставници од Амбасадата на Република Турција и персоналот од вВИНГ.
За време на работниот состанок се дискутираше за можностите за продлабочување на билатералната соработка. Дополнително, беа разменети искуства за понатамошно унапредување на понатамошните модалитети на соработка во доменот на военото воздухопловство.