Во периодот од 06 до 10.10.2025 година, во касарната „Јане Сандански“ во Штип, беше реализирана работилница за изработка на планот за вежбата (EXPLAN) „Блесок 26“ (Б26), која претставува континуитет на серијалот вежби „Македонски Блесок“.
Во рамките на тактичката вежба Б26 ќе биде реализирано оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), со цел да се оцени и унапреди борбената готовност на единицата, согласно Стандардите за оценување на борбената готовност на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО (CREVAL).
На отворањето на работилницата воведно обраќање кон учесниците имаше директорот на вежбата, кој ја истакна важноста на документите кои ќе бидат изработени и кои понатаму ќе бидат основа за понатамошниот планирачки процес за вежбата.
Од страна на офицерот со примарна одговорност на вежбата, беше извршено дефинирање на обврските и одговорностите, со цел насочување на персоналот кон исполнување на доделените задачи.
Работилницата заврши со дискусија и презентација на изработените документи, со насоки за следните чекори во планирањето на вежбата Б26.
Планирачкиот процес за вежбата „Блесок 26“ продолжува во месец ноември со реализација на Иницијалната планирачка конференција (ИПК), од страна на тимот за планирање на вежбата и дополнителен потребен персонал.









