Во периодот од 23 до 27 октомври припадници од баталјонот на воена полиција реализираа работна посета на Првата бригада на Воена полиција (1 Military Police Brigade) на Обидинетото Кралство и Центарот за обука за подготвеност за мисија “Mission Reediness Training Center”. Активноста се реализира согласно планот за билатерална соработка со Обидинетото Кралство за 2023 година.
Целта на посетата беше запознавање со капацитетите за обука кои ги овозможува Првата бригада на Воена полиција на Обединетото Кралство, зголемување на степенот на интероперабилност како и пронаоѓање на можности за заедничко учество во операции предводени од НАТО.