На 10 декември 2025 година, во просториите на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ), се одржа работна средба помеѓу делегација од Република Грција и командантот на вВИНГ, полковник Драган Павловски. Средбата се одржа како вовед во активноста „Работен состанок во областа на воздушното набљудување и јавување“, која е дел од Планот за билатерална соработка со Република Грција за 2025 година.
Целта на средбата беше официјално добредојде на грчката делегација и изразување на поддршка за успешна реализација на целокупниот план на активности во Баталјонот за воздушно набљудување и јавување, како носител и организатор на оваа активност.
Во текот на активноста, разгледани беа теми од заеднички интерес, како што се: јакнење на билатералната соработка, подобрување на безбедноста на воздушниот простор и унапредување на оперативните способности. И двете страни изразија интерес за развој на нови иницијативи и заеднички активности кои ќе допринесат за понатамошно зајакнување на соработката и подобрување на капацитетите.
Реализацијата на оваа активност го потврдува ангажманот на воздухопловниот ВИНГ кон продлабочување на партнерските односи, размена на стручни знаења и унапредување на капацитетите во областа на военото воздухопловство.








