Во период од 14ти до 16ти септември 2021 година, во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се реализираше активноста „Размена на искуства од доменот на Противвоздушна одбрана (ПВО) со ракетни системи со многу краток дострел“ со припадниците на батерија ПВО и претставници од вооружените сили на САД.
Од страна на батеријата ПВО (бтПВО) на претставниците на ВС на САД им беа презентирани мисијата, задачите, опременоста и организациската структура на батеријата ПВО, претходни учества на вежби како и идните цели на единицата. Исто така беше реализирана и показна вежба со 1 вод ПВО со цел претставување на тактиките, техниките и процедурите при извршување на конкретна задача.
Претставниците на ВС на САД реализираа презентација за организациската структура на ПВО на ниво на вод, батерија и баталјон и воедно беше реализирана презентација за начин на сертифицирање на посадите кои ги опслужуваат ПВО системите во ВС на САД, презентација за видовите на закани во ВоП со кои најчесто се соочуваат, опремата која што ја поседуваат, како и принципите на гаѓање кои ги користат и презентација за начинот на справување со беспилотните летала како закана за безбедноста на сопствените единици.
На крајот на активноста беше разговарано за учество на дел од бтПВО на меѓународни вежби, реализација на основна обука на „Stinger“ на клучниот персонал, доставување на литература со цел надградување на нашето знаење за начинот на справување со беспилотните летала како закана за безбедноста на сопствените единици, присуство на персонал од бтПВО (во улога на набљудувачи) на реализација на боево гаѓање на ВС на САД со ПВО системи како и користење на АП „Криволак“ од страна на ПВО единиците на ВС на САД (заедничко учество со бтПВО) со цел изведување на тактичко ситуациона вежба со евентуална можност за реализација на боево гаѓање со „Stinger“ системите.
СП/ЧС