На ден 09.10.2019 година во Здружената оперативна команда (ЗОК) се реализира посета на тим од Обединетото Кралство (ОК) поврзана со обуката, вежбите и оценувањата.
Делегацијата предводена од потполковник Џил Хамлинс, беше поздравена од страна на Началникот на штаб во ЗОК, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.
Во текот на посетата со делегацијата од ОК беа реализирани разговори и презентации за Календарот за обука, одредување на насоки за обука, организација на вежби и оценувања во единицата како и оценувањето на декларираните состави и бенифит од истите.
Армијата со вооружените сили на Обединето Кралство има развиено одлична билатерална воена соработка која се одвива на повеќе полиња како што се образованието, обуката и вежбите.
ЧС