Во период од 20.02. до 25.02.2017 година во инженерискиот баталјон (инжб) од составот на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) се организира и реализира активност „Engineer BN Mobility/Ctr.Mobility MKDSPP1701466ICE“ со тричлен тим на инженерискиот баталјон од составот на 572 бригада од Националната гарда на Вермонт.
Во рамки на посетата од страна на командантот и клучниот персонал на инжб беше презентирана мисијата на инжб, неговата организациско-формациската стуктура, декларираните единици, учеството на вежби во земјата и странство како и позначајните активности кои ги извршува инжб.
Претставниците од инженерискиот баталјон на Гардата од Вермонт извршија предавања со припадниците на командата, штабот и командирите на чети и водови на следните теми: „Мисија и преглед на персоналот и опремата на инженериската единица од составот на Гардата во Вермонт“, „Можности и способности на единицата“, „Организациска поставеност на персоналот од четите во инженерискиот баталјон од Гардата во Вермонт“ и „Материјално-техничка опременост на единицата“.
При посетата, инжб реализира две методско-показни вежби: „Изработка на противоклопно минско поле по стандардите на НАТО“ и „Поправка на оштетена делница од пат“. Согласно програмата тимот присуствуваше и на планирана активност на инжб за извршување на подготвително гаѓање на реден број 1 и 2 на стрелиштето „Петровец“.
Како и претходните посети така и оваа, четврта по ред посета на припадниците на Гардата од Вермонт на инжб, се реализира во соработка со Канцеларијата за билатерална соработка на Армијата на САД со Армијата на Република Македонија. Во септември минатата година, претставници од инжб беа во посета на Гардата на Вермонт. Со тоа продолжува континуитетот на соработката помеѓу Гардата на Вермонт и 1.мпбр/инжб.