Во периодот 08.10 до 21.10.2025 година, согласно планот за билатерална соработка од областа на одбраната со Република Италија, припадниците од првата пешадиска бригада (1.пбр), започнаа со реализирање на заедничка тактичка вежба на армискиот полигон (АП) „Криволак“ и ЦО ,,Пепелиште“ со ВС на Италија.
Пред стројот и одговорните лица за почетокот на активностите за реализација на вежбата се обрати заменикот на командантот на 1.пбр, полковник Блерим Исмаили, кој го истакна значењето за соработката меѓу двете армии.
Целта на вежбата е споделување на стекнати знаења и размена на искуства преку заедничко извршување на поставените задачи во текот на вежбовните активности согласно планот на вежбата, подобрување на нивото на интероперабилност, извежбување, градење на меѓусебна оперативна синхронизираност помеѓу двете армии членки во НАТО низ широк спектар на задачи, како и промоција на можностите кои ги нуди полигонот ,,Криволак“ за изведување вежбовни активности од поголеми размери.
Ќе се реализира различна обука и запознавање со тактичко-техничките карактеристики на вооружувањето и опремата како и средствата со кои располагаат единиците на двете армии кои ќе се користат за време на обуката и ќе се реализираат единечни гаѓања и гаѓања со фрлачка на гранати.
Заедничките вежбовни активности ќе бидат крунисани со реализација на заедничка тактичка вежба со командирско гаѓање со чета.








