Денес, (21.10.2025 година) на армискиот полигон „Криволак“, во присуство на командантот на прва пешадиска бригада (1.пбр), бригаден генерал Дејан Чиплаковски, одбранбеното аташе на Италија, полковник Кристијан Маргерити, претставници од ВС на Италија, претставник од Командата за операции, началниците на секции од командата и штабот на 1.пбр и командантите на единиците од составот на бригадата, се реализира заедничката вежба со командирско гаѓање на припадниците од 1.пбр и ВС на Италија на тема ,,Засилена пешадиска чета во напад“.
Реализацијата на вежбовните активности на припадниците од 1.пбр со ВС на Италија е согласно планот за билатерална соработка од областа на одбраната со Република Италија.
Пред присутните се обрати командантот на 1.пбр, бригаден генерал Дејан Чиплаковски кој го нагласи значајот на вежбата и можноста за идна соработка со ВС на Италија.
Припаднците на 1.пбр, за времетраењето на вежбата ја демонстрираа високата професионалност, подготвеност и способност за краток временски период, со реализација на различна обука и запознавање со тактичко-техничките карактеристики на вооружувањето и опремата како и средствата со кои располагаат единиците на двете армии, да реализираат заедничка тактичка вежба.
Притоа учесниците на вежбата покажаа дека се одлично обучени за изведување на вежбовни активности со останатите членки на НАТО, со што се допринесува за подобрување на нивото на интероперабилноста и градење на меѓусебна синхронизираност помеѓу армиите членки на НАТО, како и промоција на можностите кои ги нуди полигонот ,,Криволак“.
Реализацијата на заедничките обуки на припадниците на Армијата со припадници на останатите земји членки на НАТО Алијансата, претставува континуирана активност чија цел е проширување на знаењата, надградување на способностите и подготвеност за извршување на задачи во секое време, доколку се побара.
ГЃ/ДЧ