Во период од 26 до 30 јануари, во четата за АБХО е реализирана обука со претставници од Националната гарда на Вермонт и Амбасадата на САД.
За време на обуката се проверуваше обученоста на персоналот во делот на извидување, земање на контаминирани мостри, аналитика и деконтаминација, а беше ставен и акцент во делот на медицинската обука, односно справување со повредени, тријажа и проверка на симптоми, зависно од контаминацијата.
На ден 29.01.2026 година, во рамките на обуката се реализираше и вежба на тема „Масовна деконтаминација“. За време на вежбата беше извршен прием, тријажа и деконтаминација на повредени лица, со примена на стандардни оперативни процедури и соодветна заштитна опрема.
Со вакви активности, АБХО ја зајакнува оперативната подготвеност и способноста за поддршка на Армијата и цивилните институции.
30.01.2026








