Во рамките од подготвителните активности за вежбата „REGEX 19“, во период од 16.09.2019 до 20.09.2019 година во ЦО „Пепелиште“ се реализираше седмата национална работилница. Ова е последна национална работилница, согласно НАТО директивата како дел од планирачкиот процес за вежбата.
За време на реализација на активностите, акцент се даде на дефинирање на целокупните планови и финализирање на организациска наредба за вежбата, листа на учесници, листа на настани и инциденти, оперативниот план, оперативна наредба и план за вежбата.
Директорот на вежбата, полковник Звонко Мајсторски го истакна значењето на оваа последна национална работилница и ја акцентираше тежината на обврските и одговорностите на лидерите на синдикати пред и за време на вежбата „REGEX 19“.
Во текот на наредниот период се очекуваат активности поврзани со обука на клучниот персонал, организација на денот за високи гости и дефинирање на протоколарните активности, подготовка за информирање на медиумите и сублимирање на останатите активности неоходни за успешна реализација на вежбата.
Вежбата е планирана да се реализира во време од 14 до 18.10.2019 година во Центарот за симулации во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес.
СГ/ЧС/НЈ