Здружената оперативна команда (ЗОК) има развиено и одржува редовна цивилно воена соработка со претставниците на структурите на локалната власт и со цивилните структури во зоната на одговорноста.
На барање на Општина Кратово за поддршка на манифестацијата „Ден на рударите – Успение на Голема Богородица“ на ден 29.08.2018 година со тактичко-технички збор и подготовка на оброк за 150 лица, припадниците на бригадата за Логистичка Поддршка, 1. механизиран пешадиски баталјон и баталјонот Воена полиција реализираа промоција на АРМ и логистичка поддршка пред граѓаните на Кратово. Вклучувањето на персоналот од единиците беше во согласност со Програмата за одбележување на празникот која ја подготви Советот на општина Кратово.
Со вклучувањето во позначајните активности од Програмата за одбележување на Денот на рударите во општина Кратово, припадниците на ЗОК ја потврдија нераскинливата поврзаност со традициите на македонскиот народ и подготвеноста за нивно понатамошно негување и продолжување.
ЧС/НЈ/ПА