Во период од 13.11 до 15.11.2018 година, во Воениот медицински центар во Скопје се одржаа 10-ти состанок на земјите корисници на IMIHO (Interconnection of Military Hospital) и 28-ми состанок на Техничката работна група.
Состанокот беше отворен од страна на Државниот секретар во Министерството за одбрана на Република Македонија, господин Драган Николиќ, кој истакна дека ваквите состаноци ќе ја продлабочат ефикасноста на военото здравство и ќе придонесат до подобрување на истото, согласно новите предизвици.
На состанокот учествуваше директорот на секретаријатот на SEDM (South-EasternEurope Defense Ministerial Process-Coordination Committee/Political Military Steering Committee), генерал-мајор Ахилефс Таоксис, како и претставници од Италија, Романија, Бугарија, Србија и Грција.
Проектот IMIHO користејќи ја современата интернет технологија, а кој овозможува преку брз и едноставен пристап до медицински информации и размена на истите, поткрепени со можности за размена на знаење, учење на далечина и телемедицина, која ќе влијае во правец на подобрување на здравјето на поединецот како и зголемување на меѓусебната доверба и разбирање помеѓу нациите.
За прв пат проектот беше промовиран во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, која нуди процедури на соработка, а притоа дава и нова дефиниција за начинот на функционирање на воените болници, со цел споредување на воено медицинските операции во кризни состојби.
Воедно за време на реализирање на активноста беше остварена и средба со претставниците на Балканските медицински наменски сили.
Со имплементирање на проектот IMIHO ќе се овозможи размена на брзи и точни информации, како и соработка со цивилните здраствени установи, а со цел подобрување на воената медицина.
СС/ЛС/НЈ