Командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, денес оствари средба со командантот на Бригадата за Југоисточна Европа – SEEBRIG, бригаден генерал Билбил Битри.
На средбата се разговараше за меѓусебната досегашна и идна соработка, придонесот кој го дава Командата за операции во реализацијата на планираните активности на Бригадата, но и за поддршката која ја овозможуваме како земја домаќин за функционирањето на оваа команда.
Командата на Бригадата за Југоисточна Европа е лоцирана во касарната „Боро Менков“ во Куманово.