Во периодот од 09.03. до 16.03.2015 година согласно Планот за обука во потчинетите единици на Здружената Оперативна Команда припадниците од инженерискиот баталјон (инжб), од состав на 1. механизирана пешадиска бригада реализираа стационарно логорување на Армискиот полигон (АП) „Криволак“.
Целта на логорувањето беше обучување и извежбување на припадниците на инжб во правилна и безбедна работа при вежби со боеви минско – експлозивни средства (МЕС) и реализација на дневни и ноќни гаѓања со личното вооружување (л/в).
Во текот на логорувањето на вежбалиштето за инженериска обука „Мушанци“ се реализираа поголем број на вежбовни активности, меѓу кои:
- Вежби со боеви МЕС за поединец на теми: „Изработка на палење на бавногорлива запалка и палење на експлозивно полнење (е/п) со бавногорлива запалка, „Палење на елекрична детонаторска каписла (ЕДК) со машина за електрично палење и палење на е/п со ЕДК“.
- Вежби со боеви МЕС за единица: „Изработка на мрежи за фитилно палење и палење на е/п“, „Изработка на мрежи за електрично палење и палење на е/п“, „Уривање на елементи и материјали“ и „Подготовка и палење на фугаси“.
При изведувањето на гаѓањата и вежбите со боеви МЕС во целост беа запазени мерките на безбедност, техничка заштита и зачувување на животната средина. Истите се изведени под надзор на претставници од претпоставенета команда, командата на инжб и старешини од единицата специјализирани за работа со МЕС.
Со успешната реализација на гаѓањата и вежбите со боеви МЕС зголемена е подготвеноста на единицата, со што уште еднаш инженерците ја докажаа својата одлична обученост и професионалност.