Во период од 16 до 17 март на АП ,,Криволак“, припадниците на Артилерискиот баталјон од составот на Првата пешадиска бригада, реализираа стационарно логорување и артилериско боево гаѓање (АБГ).
За време на логорувањето на АП ,,Криволак“ можеше да се види одлична извежбаност и подготвеност на единицата на терен, демонстрирана со успешна реализација на АБГ со Хаубица 105 мм М2А1 на реден број 17.
Реализацијата на вакви гаѓања бара добра извежбаност и брзина за уништување на целите од страна на посадите, за што е потребен висок степен на обученост, добра кондиција и координација, што практично и беше прикажано.
ГЃ/ДЧ








