Согласно годишниот календар за обука персоналот од командната чета (кч) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), реализираше стручно специјалистичка обука на АП ,,Криволак“.
Во текот на обуката, согласно мисијата и суштинските задачи, беа реализирани теми од посебните специјалности на водот воена полиција и извидувачкиот вод на единицата. Персоналот ги повтори и надгради стекнатите знаења од соодветните специјалности во водовите.
За време на обуката, беа применети посебни методички техники при изведување на секоја од планираните теми за обука, согласно специјалностите на персоналот.
Преку изведување на разните форми на обука, персоналот покажа високо ниво на обученост, професионализам и спремност за надградување со знаења за полесно совладување на секојдневните предизвици при извршување на работните обврски и задачи од својот делокруг на работа.
ДК/ГЃ/ЧС/НЈ