Во касарната „Боро Менков“ Куманово, по трет пат со воена свеченост припадниците од 1 механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) го одбележаа 26-ти февруари – Денот на единицата, денот кога е формирана Трета Македонска Ударна Бригада (Трета МУБ) во с. Жегљане Куманово.
На свеченоста присуствуваа: командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) бригаден генерал Зоран Милески, командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, команданти и командири од единиците на АРМ, поранешни команданти, припадници на единицата, претставници од сојузот на борците, како и претставници од локалната самоуправа, јавни и приватни претпријатија и други гости.
Пред гостите, пригодно обраќање имаше командантот на 1.мпб потполковник Лулзим Нуредини кој се осврна на историјатот на 1.мпб. Исто така истакна да се продолжи со негување на традициите на Трета МУБ е посебна чест и обврска а воедно и гордост од постигнатите резултати на припадниците кои при реализација на редовните задачи дадоа придонес во справување со бегалската криза во обезбедување на северната и јужната граница како и во справување со поплавите и помош на населението во скопскиот регион минатата година.
За време на свеченоста беа доделени стимулативни мерки и благодарници на цивилни институции во знак на остварена цивилно-воена соработка.
На свеченоста, по повод денот на единицата, беа прочитани стимулативни мерки за припадниците на артб, додека водот на поручник Дарко Ангеловски беше прогласен за најдобар вод од составот на баталјонот на кого му беше врачено пехар и знаме за најдобра единица за 2016 година.
Во годината во која АРМ одбележува 25 години од своето формирање, во пресрет на одбележувањето на денот на единицата на ден 21.02.2017 беше организирана крводарителна акција. На ден 23.02.2017 година припадниците од командата и штабот и клучниот персонал од единицата реализираа посета на НУ Музеј Куманово, каде има можност да се запознаат со документите и знамето на Трета Македонска Ударна Бригада, кои се изложени во музејот воедно делегација од единицата изврши полагање пред спомен плочата во с. Жегљане.
По повод одбележување на 26-ти Февруари, Денот на единицата во рамките на прославата КУД „Срма“ и КУД „Бајрам Шабани“ пред присутните изведоа дел од својот репертоар.
На крајот од свеченоста единиците од составот на баталјонот изведоа свечено дефиле пред присутните.