Во касарната „Илинден“, Скопје се одржа воена свеченост по повод одбележувањето на Денот на баталјонот за воена полиција (бвп) од составот на Здружената оперативна команда (ЗОК).
На свеченоста присуствуваа: командантот на ЗОК, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, претставници од ГШ на АРМ и ЗОК, команданти на единиците лоцирани во касарната, поранешни и пензионирани команданти на единицата, претставници од цивилните структури и организации со кој единицата соработува.
Командантот на баталјонот, потполковник Васко Коколански во своето обраќање истакна дека припадниците на оваа единица во изминиатиот период својата обученост како и професионалното и одговорно извршување на своите задачи го покажаа на дело преку учество во поддршката на МВР во справувањето со мигрантската криза на јужната граница и последиците од поплавите во регионот на Скопје, за што беа одликувани со орден за воени заслуги од Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов.
На свеченоста, по повод денот на единицата, се прочитаа честитки и стимулативни мерки за постигнатите резултати во работата.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов, 29-ти октомври е определен за ден на бВП како датум со кој се одбележува значаен историски настан. Баталјонот на воена полиција е носител на традициите на денот кога на 29-ти октомври 1878 година во текот на Македонското (Кресненско) востание е издадена наредба за формирање на воено полициски началства на ослободената територија во Македонија, кои се всушност првите формално воено полициски сили.