Со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово, припадниците на 1.пешадиски баталјон (1.пб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) го одбележаа денот на единицата, денот кога на 26-ти февруари во 1944 година во селото Жегљане, Кумановско, била формирана 3-та Македонска народноослободителна ударна бригада.
На свеченоста присуствува делегација од Командата за операции (КО) предводена од бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, делегација од командата и штабот на 1.пбр предводена од командантот на бригада, бригаден генерал Сашко Лафчиски и командантите на баталјони од составот на 1.пбр и останати гости.
Пред стројот на баталјонот и присутните гости со свои говори се обратија командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски, меѓу другото го истакна значењето и предизвиците што претстојат за единицата како и посветеноста во извршувањето на обврските и задачите, додека командантот на 1.пб, потполковник Черими Шпетим се осврна на историското значење на денешниот ден и идните обврски и задачи за единицата.
На одбележувањето на свеченоста беа наградени и пофалени одреден број на офицери, подофицери и професионални војници, а во рамки на одбележување на денот на единицата беше реализирана крводарителна акција, додека за најдобар вод беше прогласен првиот вод од четата за борбена поддршка.
ГЃ/СЛ