Во пресрет на одбележувањето на „18ти Август“, Денот на Армијата на Република Македонија и јубилејот „25 години Армија на Република Македонија“, во касарната „НХ Страшо Пинџур“ Петровец во текот на денешниот ден свечено беше пуштен во употреба новиот објект на стражата за касарната.
Пред присутните припадници на АРМ се обрати Командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски истакнувајќи дека подобрувањето на условите за живот и работа на персоналот кој извршува стражарски должности е од особено значење за обезбедување на воените објекти.
Притоа генералот Ѓоргоски се заблагодари на целокупниот персонал кој беше инволвиран во подготовката на новиот објект на касарнската стража и потенцираше дека со минимални ресурси, доколку се има потребната волја и мотивираност, може да се постигнат видливи резултати каков што е денешниот.
Присутните гости извршија обиколка и ги разгледаа просториите на стражарата после што беше извршено свечено примопредавање на должност помеѓу командирите на стражата.