Во касарната „Јане Сандански“ – Штип со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на 2. механизиран пешадиски баталјон (2.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).
Должноста командант на 2.мпб од потполковник Бранко Петкоски ја прими потполковник Горан Петрушевски кој на ова место доаѓа од должноста, началник на штаб воедно и заменик на командантот на 1. механизиран пешадиски баталјон од 1.мпбр.
На свеченоста покрај командантот на ЗОК, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Зоран Милески, присуствуваа и бригаден генерал Павле Арсоски, команданти на баталјони и началници на секции од 1.мпбр, поранешни команданти на единицата, претставници на локалната самоуправа, градоначалниците на општините во зоната на одговорност на 2.мпб, правни и физички лица со кои АРМ има соработка.
Во својот говор пред присутните гости командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Милески даде краток осврт на досегашните успеси на припадниците не единицата,при што посебно го нагласи ангажирањето на персоналот во обезбедувањето на јужната државна граница.
Досегашниот вршител на должноста, потполковникот Петкоски искажа благодарност до сите припадници на единицата за посветената работа и вложениот труд во досегашниот период.
Новопоставениот командант потполковникот Петрушевски истакна дека му претставува чест и задоволство да раководи со оваа единица, која е препознатлива единица во АРМ по своите успеси, при извршување на должноста ќе го даде својот максимум со целокупно знаење и искуство во остварување на зацртаниот план во постигнување на уште поголеми резултати.
На крајот на церемонијален начин се изврши свечено примопредавање на военото знаме на единицата помеѓу досегашниот и новоназначениот командант.