Денес, 01.04.2014 година во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) со постројување на персоналот од командата и пригодна свеченост се одбележа завршувањето на воената кариера и заминување во пензија на полковникот Миле Давчевски и капетан Стојчо Веселинов.
Од страна на командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски беше истакнато дека секој поединец во текот на својата воена кариера остава дел од себе и го вградува во воената организација со што дава сопствен придонес во процесот на остварувањето на целите кои ги има Армијата на Република Македонија.
Од страна на целокупниот персонал на полковникот Миле Давчевски и капетан Стојчо Веселинов им беа врачени пристојни поклони кои ќе ги потсетуваат на времето кое го имаат поминато во сите единици и команди на АРМ во текот на извршувањето на својата офицерска професија.
На овој начин недвосмислено и јасно се изразуваат етичките вредности и се оддава признание на персоналот кој во целиот свој работен век преку посветеноста во извршување на задачите има дадено придонес во сите досегашни предизвици и успеси на Армијата на Република Македонија.