На ден 14.01.2014 година во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево се одржа годишна анализа на цивилно-воената соработка на 4. механизиран пешадиски баталјон која традиционално се одржува на денешен ден.
На денешната активност покрај Командантот на 1. механизирана пешадиска бригада бригадниот генерал Павле Арсоски присуствуваа бројни високи гости меѓу кои Претседателот на советот на Општина Кичево и претставниците на цивилните структури во зоната на одговорност на баталјонот. Притоа Командантот на 4.мпб потполковник Благоја Мијакоски ги истакна заедничките активности со цивилните структури. Во рамките на посетата се воспостави видео линк со контингентот ИСАФ од составот на 4.мпб во ИР Авганистан кој е во фаза на предавање на должност и враќање назад во Р. Македонија.
Одличната цивилно воена соработка во гарнизонот Кичево помеѓу цивилните структури и Армијата на Република Македонија традиционално ќе продолжи и во понатамошниот период.