На ден 05.03.2026 година, со одигрувањето на финалните натпревари во преполнетата спортска сала „Македонски бранители“ во Берово, по двонеделни натпреварувања завршија „Работничките спортски игри 2026 Берово“ и турнирот во мал фудбал .
На турнирот, традиционално учество зеде и екипа на Армијата од вториот пешадиски баталјон (2.пб) од составот на прва пешадиска бригада (1.пбр).
На свеченото затварање на игрите и финалниот натпревар во мал фудбал, присуствуваа командантот на 1.пбр, бригаден генерал Дејан Чиплаковски како и командантот на 2.пб, потполковник Зоран Сумрачки.
Во финалниот натпревар во мал фудбал екипата од 2.пб го освои првото место додека за најдобар играч на турнирот, беше прогласен Петар Пачарски од екипата на 2.пб.
Припадниците од Армијата уште еднаш покажаа дека спортот е уште еден начин преку кој се гради карактерот и тимскиот дух, кои се од особено значење при извршувањето на секојдневните обврски и задачи.
ГЃ/ДЧ








