Командантот на Командата за операции (КО), бригаден генерал Бесник Емини, придружуван од шефот на кабинет во КО, полковник Васил Митевски, на покана на Командантот на Здружената мултинационална команда за обука на седмата армија на САД, БГ Стивен П. Карпентер, присуствуваше на денот за високи гости за вежбата Saber JUNCTION 23 на полигонот Хохенфелс, во Р. Германија.
За време на активноста, од страна на планерите и изведувачите на вежбата беа прикажани штабните и теренските активности. Командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини, исто така ги посети и припадниците од Армијата кои се ангажирани на вежбата од 4.пешадиски баталјон и извидувачко-разузнавачкиот баталјон.