Командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски во период од 14-15 јули 2025 година, учествуваше на Конференцијата на европските армии (CEA – Conference of European Armies). На конференцијата учествуваа командантите на копнените сили на НАТО, сојузниците и други релевантни организации.
Конференцијата ја организираше Командата на САД за Европа и Африка и беше предводена од генерал Кристофер Донахју, командантот на оваа команда. На конференцијата беа разгледани повеќе актуелни теми поврзани со безбедносната состојба во Европа, целите на способности, како и приоритетите за трансформација, модернизација и подготвеност на армиите членки на НАТО.
Учеството на конференцијата е од големо значење за нашата Армија, бидејќи овозможува увид во предизвиците, безбедносната состојба во Европа, но и создавање патека и визија за идниот развој на вооружените сили.