Командантот на Командата за операции (КО), бригаден генерал Бесник Емини, на покана од командантот на КФОР, генерал-мајор Франко Федеричи учествуваше на свеченост по повод смена на командантите на КФОР во главната команда на КФОР во Приштина помеѓу генерал-мајор Франко Федеричи, командант во заминување и генерал-мајор Ференц Кајари, новиот командант на КФОР.
Бригаден генерал Емини оствари средби и со Заменик на командантот на Косовските безбедносни сили, генерал-мајор Енвер Цикачи и командантот на регионалната команда – запад на КФОР, полковник Андреа Бертацо. Во текот на посетата беше реализиран состанок со припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои извршуваат задачи во состав на мировната операција КФОР во Пеќ.
ЧС/БН