На 29 март 2026 година, на армискиот полигон „Криволак“ беа реализирани здружени воздухопловни активности во рамки на вежбата „Neptune Strike 26“, со цел унапредување на интероперабилноста и координацијата помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и сојузничките сили на НАТО. Во реализацијата на активностите учествуваа припадници од воздухопловниот ВИНГ на Армијата (вВИНГ), италијанското воено воздухопловство и француските вооружени сили.
Баталјонот за воздушно набљудување и јавување, заедно со JTAC тимот од командната чета на вВИНГ, во координација со JTAC тимот од француските вооружени сили успешно извршија координација и наведување на борбените воздухоплови F-35 и AV-8B на италијанското воено воздухопловство во финалните фази на извежбување на напад, овозможувајќи висока ефикасност и точност на воздухопловните операции.
Сите активности беа реализирани согласно НАТО стандардите и процедурите, со целосна примена на безбедносните мерки за заштита на персоналот, средствата и животната средина.
Преку оваа активност уште еднаш се потврди високото ниво на интероперабилност и подготвеност на Армијата за интегрирано дејствување со сојузничките сили, како и способноста за ефикасна координација со современи НАТО системи и платформи.
Вежбата „Neptune Strike 26“ претставува значаен придонес во унапредувањето и зајакнувањето на соработката со сојузниците во рамки на Алијансата.








