На ден 16.04.2014 година во Домот на АРМ во Скопје командантот на бригадата за логистичка поддршка (брЛП) потполковник Кенан Рахиќ оствари средба со медицинскиот персонал од Министерството за здравство кои беа во состав на Лесната маневарска болница (ЛМБ) за време на вежбата „Македонски Блесок 10“.
Медицинскиот персонал составен од доктори специјалисти и медицински техничари врз основа на соработката со Министерството за здравство на Република Македонија беше ангажиран во ЛМБ за време на НАТО оценувањето ниво 2 според концептот за оперативни способности.
На средбата командантот на брЛП се заблагодари на медицинскиот персонал за активното учество во процесот на оценувањето и покажаната исклучителна посветеност и професионализам, што беше потврдено со позитивната оценка од спроведеното оценување.
Во рамките на оваа средба на припадниците од Министерството за здравство во знак на благодарност им беа врачени благодарници за дадениот придонес, со напомена дека соработката ќе продолжи со истиот интензитет и во наредниот период.