Согласно годишниот план за обука, хеликоптерскиот сквадрон од составот на воздухопловниот ВИНГ успешно ги реализираше редовните вежбовни активности со ПП ведро на езерото Мавровица, Свети Николе.
Во вежбата учествуваше хеликоптер Ми-8 МТ, со кој беа изведени повеќе летови, симулации на собирање и истурање вода, како и маневрирања во реални услови на терен, со цел подобрување на оперативната ефикасност на екипажите во ситуации на гаснење пожари од воздух.
Активноста беше реализирана безбедно, успешно и во целост согласно поставените цели. Со оваа вежба, хеликоптерскиот сквадрон ја потврди својата висока подготвеност за дејствување во претстојната летна сезона, кога ризикот од пожари значително се зголемува.
Воздухопловниот ВИНГ ќе продолжи со спроведување на планираните активности за одржување на висок степен на обученост и интероперабилност, со крајна цел, заштита на природната средина на државата.