Согласно годишниот план календар за обука на баталјонот на воена полиција (бВП) за 2018 година, во периодот од 26 до 29.11.2018 година, персоналот од командата, штабот и основните единици на бВП реализираа „Вежба на командно место“ во касарната „Илинден“ и реонот Стенковец. Целта на вежбата беше извежбување на единицата во тактички постапки за евентуална употреба согласно задачите од мисијата на единицата и надградување на воено-стручните знаења и извежбување на постапки од задачите од суштинско значење за мисијата.
Персоналот на командата и штабот согласно процесот на донесување на воена одлука се извежбуваше во способностите за навремено и реално следење на единиците. Вежбата се реализираше по замислено сценарио кое овозможи реалистичност на тактичкото извежбување на единицата и нивна употреба согласно намената. Во текот на вежбата беа изведени постапките на воспоставување и работа на командно место, обезбедување на висок воен раководител, асистенција на цивилните власти и организации, како и претрес и пребарување на терен.
По завршување на вежбата, заклучено е дека целта и намерата на вежбата е постигната, а припадниците на единицата покажаа висок степен на извежбаност, професионалност, оспособеност и одлична тимска работа.
ВС/ДС/ЧС/НЈ