Во период од 05.11 до 09.11.2018 година, во рамки на стационарното логорување на АП„Криволак“, припадниците на инженерискиот баталјон (инжб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), реализираа обука и вежби со боеви минско – експлозивни средства (МЕС).
На логорувањето, обуката и вежбите, покрај припадниците на инжб учествуваа и питомците од четврта година од родот инженерија од Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје.
За време на четиридневниот престој на АП „Криволак“, персоналот од инжб и питомците, се обучуваа и извежбуваа во постапките и реализацијата на палење на експлозивно полнење со електрична детонаторска каписла, изработка на мрежа за палење на експлозивни полнења, изработка на мрежа за електрично палење и палење на експлозивно полнење и уривање на елементи и материјали и палење на фугаси.
Обуката и вежбите кои се реализацираа имаат за цел оспособување на персоналот од инжб и питомците од родот инженерија од воената академија во индивидуалното и колективно безбедно и правилно ракување со боевите експлозивни полнења и средствата за палење на експлозивните полнења.
СМ/ИМ/ПА