Во периодот од 22.09 до 26.09.2025 година, на армискиот полигон „Криволак“, во Центарот за обука ,,Пепелиште“ и во Центарот за симулации во КОД во Велес, персоналот од командата и штабот на Првата пешадиска бригада, со потчинетите единици од составот на бригадата, реализираа вежбовни активности согласно Годишниот календар за обука.
На АП „Криволак“, персоналот од 3. пешадиски баталјон, реализираше стационарно логорување, командирски гаѓања и артилериско боево гаѓање (АБГ) со минофрлачки вод 120 мм.
За време на логорувањето на АП ,,Криволак“ можеше да се види одлична извежбаност и синхронизираност на единиците, демонстрирано со реализација на ТВКГ „пешадиска чета во напад, засилена со артилериска поддршка од минофрлачки вод мфб 120 мм”.
Во Центарот за симулации во КОД во касарната „Алексо Демниески- Бауман“ во Велес, пак, персоналот на 1.пбр реализира компјутерски асистирани вежби со помош на системот JCATS (Joint Conflict and Tactical Simulation).