На ден 14.01.2015 година во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево се оддржа анализа на цивилно-воената соработка во зоната на одговорност на 4. механизиран пешадиски баталјон (4.мпб), од 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) која традиционално се оддржува секоја година на овој ден.
На годишната анализа на цивилно-воената соработка покрај Командантот на 1.мпбр бригадниот генерал Павле Арсоски присуствуваа преставници од локалната самоуправа, претставници од јавните установи и служби како и правни и физички лица со кои единицата има соработка.
Командантот на 4.мпб потполковник Благоја Мијакоски на сите присутни им ја честита Новата 2015 година при што го истакна значењето на заедничките активности во доменот на цивилно – воената соработка кои се спроведоа во изминатата година.
На крај од активноста беше кажано дека одличната цивилно – воена соработка помеѓу цивилните структури и Армијата на Република Македонија во зоната на одговорност на 4.мпб ќе продолжи и во понатамошниот период.