На ден 27.03.2015 година пред командата на баталјонот на Воена Полиција во касарната „Илинден“ во Скопје, се одбележаа четиринаесет години од трагичното загинувањe на Командантот на баталјонот на Воена Полиција капетан 1 класа Љупчо Мирчовски.
По тој повод пред спомен обележјето свежо цвеќе положија делегации од Командата на Здружената Оперативна Команда на АРМ, Сектор Службата за Воена Безбедност и Разузнавање во МО, полкот за специјални операции, припадници од МВР, членови на семејството, пријатели и припадници од резервниот состав.