На ден 09.09.2014, година командантот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), бригаден генерал Павле Арсоски оствари средба со градоначалникот на општина Свети Николе, господин Зоран Тасев.
На средбата која се реализирааше во просториите на општината, се разговараше за продлабочување на воспоставената меѓусебна цивилно-воена соработка како и можноста за асистенција и давање поддршка од страна на 1.мпбр на активностите на цивилните структури во општината според укажаната потреба.
Од страна на градоначалникот беше искажана благодарност за помошта која ја пружија припадниците од 2. механизиран пешадиски баталјон од составот на 1.мпбр за отстранување на последиците од невремето и поплавите во изминатиот период.
На ден 01.09.2014 година беше остварена средба и со Градоначалникот на Крива Палaнка, Арсенчо Алексовски. На средбата покрај началникот на Ј-9 во Здружената Оперативна Команда полковник Зоран Илов како носител на активноста, присуствуваа и преставник од 1.мпбр и 1. механизиран пешадиски баталјон чија што општина е во зоната на одговорност на оваа единица.
Ваквите средби се со цел воспоставување и унапредување на цивилно-воената соработка и афирмација на единицата во зоната на одговорност.