Припадниците на Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) со воена свеченост го одбележаа 21-ви Декември, Денот на единицата.
На свеченоста пред командата на Бригадата за логистичка поддршка присуствуваа: претставници од Генералштабот на Армијата на Република Македонија, Здружената Оперативна Команда (ЗОК), командантот на полкот, команданти на баталјони од составот на АРМ, поранешни команданти и други гости.
Командантот на ВМЦ, потполковник Минева Ирена во својот говор ја нагласи суштинската и специфична улога која центарот ја има во армијата и им порача на припадниците од својот состав да продолжат со својот ентузијазам и професионализам да продолжат во совладувањето на новите предизвици.
По повод денот на единицата беа прочитани честитки од командантот на ЗОК и воедно беа доделени стимулативни мерки за постигнатите резултати во работењето на дел од припадниците на ВМЦ.
Со одлука на Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Република Македонија за определување на ден на единиците на АРМ, за ден на ВМЦ е определен 21 декември, ден кога е извршена промоција и свечено отворање на ВМЦ како највисока медицинска установа во АРМ.